Утринско кафе со Сандра Автовска: Среќна сум што работам во тим од посветени и амбициозни луѓе

Секое утро ми започнува со насмевката на мојот тригодишен син Симон. Немам посебни утрински ритуали, се сведува на секојдневна рутина која ја прилагодувам на тековните обврски. Научив да го користам времето максимално продуктивно, веројатно како и секоја мајка, а што секако ми помага и при извршувањето на работните цели во Кроација Осигурување/живот. За викендите, не го пропуштам ритуалот на утринско кафе со мерак во друштво на сопругот. А во работните денови, терминот 08.30 е резервиран за првото утринско кафе (а често и единственото што го пијам) со колегите од мојот тим.

Аромата на кафе, неформалниот разговор се одличен и реклаксиран старт на денот кој потоа го фаќа своето течение во завиност од обврските и е често со набиена агенда.

Морам да напоменам дека сум многу среќна што во тимот имам луѓе кои се посветени и амбициозни. Нивната желба за успех и насмевката од успешно реализирана продажба, односно склучен договор, се за мене како менаџер за интерна продажна мрежа дополнителна мотивација.

Имав среќа, во компанијата да учам од луѓе кои ми покажаа колку е важна меѓусобната мотивација, довербата, отворениот разговор, посветеноста и тимскиот дух за севкупното работење и искачување на скалите на успехот, па токму на тие основи почива и нашето работење со тимот и тоа посебно ме исполнува, а воедно е едно од нештата поради кои е добро да се биде дел од семејството на „Кроација“.

После утринското кафе, денот го започнуваме со координативен состанок на кој се разговара и утврдува како ќе тече работниот ден, односно седмица. Нашата работа вклучува продажни состаноци, често и службени патувања, а со цел успешно реализирани полиси за животно осигурување и што повеќе безбедни семејства.

Крајот на денот е резервиран за семејството. Отсекогаш сме уживале со дружбите со пријателите, но со оглед на заштитните мерки поради ковид-пандемијата ограничени сме во тој поглед и времето го користиме во кругот на семејството, пред се’ синчето, со кое секој ден се трудиме да имаме разни едукативни активности – да читаме книги, да местиме сложувалки, да правиме креативни работи и да учиме. 

Не сум некој обожавател на филмови и тоа не е мојот избор за релаксација. Но, затоа музиката е. Со оглед на тоа дека сопругот е музичар, а и окружувањето, таа е секогаш присутна во нашиот дом и за мене е идеален начин да го канализирам стресот, да се релаксирам и да го завршам денот во добро расположение.


(*Сандра Автовска, менаџер за интерна продажна мрежа во Корација Осигурување Живот)