Утринско кафе со Сања Пановска- Миланова: Сакам денот да ми трае четириесет часа

Ич не сакам да станувам рано, ама морам, и првото кафе ми е секогаш на работа но не секогаш во исто време. Некогаш во 9, некогаш во 10 часот, понекогаш и на пладне, зависно од обврските мои или на колешката со која го пијам кафето, но кога и да е го уживам ептен, зашто го сакам многу. 

Работам во меѓународното училиште „Нова“ како наставник по музичко и го водам хорот „Артизан“ каде што сум диригент. Работам со луѓе, и нив ги сакам, и тоа е доволно за да бидам мотивирана. Денот, како и на сите ми е краток и посакувам да трае барем три-четириесет часа за да можам да прочитам, видам, отидам и да слушнам сѐ што би сакала. 

Вечерта ми е најубавиот дел од денот, ја сакам и неа. Тогаш се опуштам со мојот сакан, пијачка до две, пуштаме филм, серија,музика,концерт и уживам. Му се радувам на домот и мирот што го имам во него.  

Сања Пановска- Миланова, диригент и наставник по музичко