Утринско кафе со Сања Здјелар: Моето време го посветувам на вежбање виолина

Секое утро ми започнува различно во зависност од тоа какви обврски ме очекуваат. Доколку станам во 6 часот морам да испијам барем 1 шолја кафе за да имам доволно енергија во текот на денот. Обично првото утринско кафе го пијам сама бидејќи ми дава чувство на мир.

Кафето ми дава дополнителна енергија која што ме одржува во текот на целиот ден, но секое утро ги пијам и витамините на Wellness.. 

Ако правам кафе по моја мерка тогаш тоа би било 2 лажички кафе и 3 лажички шеќер (се смее).

Освен кафето наутро како што кажав консумирам витамини, а исто така и шејк со вкус на чоколадо од Орифлеим. 

Јас сум личност која што секојдневно имам нови идеи, а мотивацијата ја наоѓам насекаде околу мене.

За тоа придонесува и љубовта со која ја работам оваа професија - виолинист. 

Јас сум студентка на факултетот за музичка уметност во Скопје. Како и сите студенти така и јас имам обврска да бидам редовен студент, да ги извршувам студентските обврски.

На страна од тие обврски, моето време го посветувам на вежбање виолина бидејќи тоа е секојдневен процес на еден музичар. 

Мојот ден ако ги земеме во предвид сите обврски завршува во 1 часот после полноќ. Откако ќе се вратам дома вежбам виолина, а потоа снимам некои инструментали во моето студио. Вечерта ја минувам сама бидејќи моите родители се свесни за мојата професија и никогаш не ми пречат во мојата работа. 

Поголем фан сум на филмовите од книгите, бидејќи многу полесно ми го задржуваат вниманието. 

Мисла со која ме води во текот на денот: „Среќен е мудриот човек, бидејќи во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средениот образуван дух“.


*Сања Здјелар - Виолинистка*