Утринско кафе со Сашко Пешевски: Ме исполнува работата со луѓе, се радувам на секое ново познанство

Денот ми започнува релативно рано се будам околу 6:30, првото кафе сам си го спремам и имам доволно време да го испијам сам на раат дома. Пијам капучино со многу шеќер и додека го пијам кафето ги читам утринските вести по порталите, тоа ми е секојдневен ритуал додека се подготвувам за работа.

Работниот ден ми започнува со координативен состанок со колегите од тимот каде заедно ги планираме дневните обврски. Поголемиот дел од работниот ден ми е исполнет со состаноци со клиенти и соработници и многу често патувам низ сите градови во Македонија.


Ме исполнува работата со луѓе, се радувам на секое ново познанство и многу сум среќен што преку работата имам стекнато многу пријатели. Секој задоволен клиент во Кроациа осигурување живот ме мотивира да бидам уште подобар во работата што ја работам. 


Попладневните и вечерните часови ги поминувам во дружење со пријателите и семејството, но за жал поради целата ситуација со пандемијата тие контакти ми се сведени на минимум. Затоа периодов имам повеќе време да прочитам некоја добра книга или да погледнам некој интересен филм.

Уживам во добра храна и чаша добро вино и многу често знам да приготвам некој специјатет и да ги поканам најблиските на вечера.

Викендите ми се резервирани за бегство од градскиот метеж, најчесто прошетки во природа или возење велосипед, а сега во зимскиот период посета на некој ски центар.



(*Сашко Пешевски -Регионален директор за унапредување и развој на застапничка мрежа-Кроација осигурување)