Утринско кафе со Симона Коруновска: Денот секогаш го започнувам со благодарност за сѐ што имам

Со оглед на тоа што имам две мали деца , денот ми започнува доста динамично и разиграно (се смее).

Најчесто будна сум веќе во раните утрински часови, се обидувам секогаш да најдам 5 -10 минути за да го испијам кафето најбрзо што можам во друштво на мојот сопруг, да си ги средам мислите и да земам здив за официјален почеток на денот. Немам некој посебен ритуал во однос на пиењето на кафе, но едно нешто кое се провлекува секој ден е што денот го започнувам со благодарност за се што имам.


Хана и Ноа се најголемата мотивација во мојот живот. Заради нив секој ден се обидувам да бидам подобра личност од претходниот. Тие ми даваат сила и љубов да ги издржам и најнапорните периоди. А ме мотивират и храбри луѓе кои се борци за своите светови. Всушност секој нов ден е моја мотивација.


Почнувајќи уште од утрото, моите денови се секогаш многу динамични. Најчесто започнуваат со кратко еспресо, спремање појадок и ручек за децата. Потоа вежбам фитнес (се обидувам ова да биде барем 3 пати во неделата) , па следи прошетка, неколку часа работа, време со дечките и моите 30 минути мир кога ќе заспијат. Во тие 30 минути се обидувам да го резимирам целиот ден и да ги издвојам приоритетите за следниот.
View this post on Instagram

A post shared by Simona Korunovska (@simonakorunovska)


Ноќен ритуал ми е шоља чај, а ако обврските се прилично обилни и со брзо темпо , тогаш денот знае да ми заврши со една чаша црвено вино. Вечерта секогаш ја поминувам со моите деца читајќи приказни и глумејќи мачки, кучиња и кловнови по дома (се смее) .


О да, секако дека сакам да прочитам книга или да изгледам некој филм , порано многу почесто го правев се ова , но сепак и денес наоѓам време за себе и за добра книга,  тоа ми е изворот за будност во животот .


(*Симона Коруновска - Нутриционист- @instanutricionist )