УТРИНСКО КАФЕ СО СЛАВИЦА НЕСТОРОВСКА ДАМЈАНСКА: МАМО, ТИ СИ НАЈКРЕАТИВНАТА МАЈКА

Мојот ден започнува различно во зависност од тоа која смена сум на работа.Бидејќи работам како одделенски наставник во целодневна настава одиме во две смени. Кога сум претпладне на работа јас излегувам прва од дома па мојот сопруг ја презема обврската да го носи нашиот 7,5 годишен син на училиште.А тој пак мојот мал тигар секое утро ме испраќа со зборовите убаво да си поминеш на работа.


Кога сум попладне тогаш тие двајца заминуваат пред мене од дома,но пред да излезат тигарот мајкин доаѓа в кревет кај мене ме гушка,бакнува и секако не заборава да ми посака убаво да си поминам на работа и убаво да си го поминам денот што и да правам.Па така денот не може да не ми биде прекрасен, а јас без насмевка на лицето кога утрото е полно со љубов и убави зборови.Го обожувам мирисот и вкусот на кафе, но во денот пијам едно,едно и половина ретко две,па затоа пребирам и сакам да е по мој вкус.Кога сум претпладне на работа си го спремам од дома си купувам убави хартиени чаши со интересни мотиви и пораки и го пијам заедно со моите колеги во наставничка канцеларија каде се дружиме.Ретко пијам цела чаша, половина ми е доволна за почеток на денот.Кога сум попладне на работа, тогаш го испивам кафето сама дома. Знам да си пуштам гласна музика да пејам,играм и да пијам,но многу често излегувам и сама го пијам во некое од моите омилени места во градов па потоа заминувам на часови.


Ме мотивираат детските насмевки,оној светкав сјај во нивните очиња полн со љубопитност,нивните прегратки,позитивните луѓе со кој сум опкружена и секако зборовите МАМО,ТИ СИ НАЈКРЕАТИВНАТА МАЈКА. Е тогаш можам да сечам,лепам,читам уште милион денови без да се изморам.Со секој нов ден откривам што се сум можела, а не сум ни знаела, само сум требала да посакам и на тоа ги учам моите ученици.Нема не можам има само не сакам, а тоа не го прифаќам како одговор со заеднички сили можеме се во нашата училница.


Секој ден ми носи различни обврски,како наставничка секој ден ми е нова авантура и јас заедно со моите ученици учам нешто ново.Имам по четири часа,четири различни предмети.Кога ќе застанам пред нив јас морам да сум подготвена,секој ден е како јавен настап не знаеш што се можат да те прашаат.Освен редовниот материјал,учебници секојдневно се трудам да смислам нешто ново,да направиме некој нов проект наш, да изработиме нешто, да ја украсиме училницата,да учествуваме на некој конкурс.Постојано пребарувам по интернет,се трудам секој ден и секој час да е поразличен и поуспешен од претходниот.Сакам да ги гледам среќни,насмеани и полни со знаење моите ученици.Имам среќа што моето работно време ми дозволува да имам слободно време за себе и за дружба со мои драги луѓе,додека мојот сопруг е на работа а мојот син е на училиште па така не крадам он нивното време, односно после 16 часот комплетно сум им посветена ним.


Откако ќе излезам од работа сакам да пешачам ама низ улици помеѓу луѓе, така тргнувам во потрага по нови материјали низ книжарите по цветчиња,разни фломастери, листови,хамери и се што е интересно и ново низ нашите продавници а јас би ги искористила за некој нов детски проект иако знам многу често да купувам и кога патувам во странство.Кога пешачам сретнувам познати што не сум ги видела со години а многу често влегувам по продавниците и само да ги поздравам љубезните продавачки од дуќаните каде пазарам.Тоа ме полни со позитивна енергија и ми ја задржува насмевката на лицето.Сакам да сум опкружена со луѓе, но знам и да се осамам, па седнувам да испијам уште половина шолја кафе во некое од моите омилени места, па потоа да го земам мојот син од училиште.Знаеме јас и тој да седнеме во Ли на топло чоколадо пред да си дојдеме дома и да не можеме потоа да ручаме хахаха…


Попладнето е резервирано за моите двајца најсакани мажи мојот син и мојот сопруг,ако не одиме на некој детски роденден или некоја семејна прослава, тогаш главно сме дома одмараме играме друштвени игри,редиме лего или јас и тој правиме некој заеднички цртеж, изработуваме нешто.Се трудам да се дружиме и преку игра учиме.Многу често знам да направам некој десерт,какао па потоа да уживаме јадејќи ама мора да е сервирано во убави чинии и салфетка со мотиви во зависност од приликата или годишното време хахаха… Откако ќе заспие син ми најпрво се спремам за следниот ден за часови правам подготовки и планови и учам се разбира а потоа времето го поминувам со мојот сопруг гледаме ТВ или разговараме зошто тоа е времето за нас двајцата.За викенди повторно сме семејно заедно го поминуваме времето многу често одиме и некаде на викенди или се дружиме со пријатели сакам кога домот ни е полн со луѓе.Најчесто посетуваме детски театарски претстави,балет, филхармонија, кино, но се тоа е посветено на мојот син сметам дека уште неколку години ќе сака вака интензивно да се дружиме потоа ќе има други интереси и затоа сакам овие години да му ги посветам нему.


Последниве години читам само детска литература и секако ги препрочитувам лектирите за да бидам спремна, не сум голем љубител на филмови,но затоа пак сакам добри криминалистички серии и во последно време изгледав прекрасни документарни филмови кои уште долго време после тоа те оставаат да размислуваш.

Славица Несторовска Дамјанска, одделенски наставник во ООУ“ 11 Октомври – Центар