Утринско кафе со Слободанка Илиевска: Домот е моето свето место

Утрото секогаш ми започнува со мирисот на кафето. Уживам да го пијам во тишина, расонувајќи се и подготвувајќи се за новиот ден. Особено сега, со мојот нов предизвик утринската програма на телевизија Алфа. По дух сум комуникативна и секогаш позитивна, токму таа позитивна енергија сакам да ја ширам насекаде околу мене, со моите сакани, моето синче и мојот сопруг.


Секогаш сум со насмевка на лицето, затоа што едноставно тоа сум јас, животот ни носи сѐ, но да бидеме со убави мисли за убав почеток на денот.

Мојата мотивација е љубовта кон домот, но и кон мојата работа. Поради некои околности променив неколку работни места, но јас и сакам промени. Кога ќе почувствувам дека е време за тоа.


Ме мотивира љубовта, животот и моите драги пријатели кои се секогаш тука за мене и мојата фамилија.

Телевизиската камера е дел од мојот живот, но морам да бидам искрена шминка не сакам. Но, тоа е една од обврските кои ги бара професијата, и се што е поврзано со неа.

Првото кафе секогаш го пијам дома, но второто задолжително со колегите, најслатко е кога ќе го испиеш со задоволство по успешно завршена работа.


По завршувањето на работните обврски, домот е моето свето место каде уживам со моето синче Марко, кој впрочем е мамин син и со сопругот. Сега сме повеќе дома, а јас сум жена која ужива кога готви и кога подготвува ручеци, едноставно со задоволство го правам тоа.

Вечерите ги уживам во една убава релаксирана атмосфера, гледам филм или читам книга.


* Слободанка Илиевска - новинар*