Утринско кафе со Снежана Лупевска Созен: Ме мотивира синот и среќата со него

Денот ми почнува со мојот син Микаил. Наутро сум сè уште дома кога се буди и сум среќна што имам доволно време да се погалиме, играме и да го поминеме утрото заедно. Кафето го пијам најчесто на работа со колегите затоа што времето пред редакцискиот состанок му го посветувам целосно на Микаил.


Токму среќата што ја имам со син ми и позитивниот почеток на денот ми е одновен мотив. Со полни батерии и убава енергија се соочувам со сите предизвици кои ме пресретнуваат во текот на работниот ден а два до три пати во неделата работните обврски ми траат и по 12 часа поради емисиите што ги имам.


Во новинарството нема точно зацртани планови и обврски- некогаш се зависи од настаните на денот. Сепак секој понеделник сум на Ноќно Студио во 21.30 Среда на Топ Тема во 19.15 Петок цел ден пишувам и монтирам за емисијата Код која оди во Недела…Секој работен ден се грижам и за вестите на Телма како уредник, барам соговорници за емисиите, истражуваме за Код . Се трудам викендите да ми бидат слободни за да се посветам целосно на семејството.


Вечерта ја минувам со мојот син и сопруг. Микаил нема полни две години и сè уште е многу приврзан за мене и татко му па кај и да одиме тој е до нас:-)


Секогаш кога можам сакам и книга и филм, но тоа е главно доцна навечер околу полноќ, кога домашните ќе заспијат, тогаш имам време за себе:-).