Утринско кафе со Срна Богдановска Јакимовска: Се трудам да бидам подобра верзија од себе за мојата ќерка

Добивај вести на Viber

Првото кафе ми е на брзање, околу 7 часот наутро. Се спремам за на работа а Луна ја спремам за во градинка, што на кого му треба и кој што ќе облече. Второто кафе, веќе на работа го пијам со малку повеќе “лезет”.


Се трудам да бидам подобра верзија од себе за мојата ќерка, да и бидам мотивација. Работам во германска фирма за штети на возила, а таму се “дружам” со два монитора повеќе од 8 часа. По завршувањето на работното време најчесто оставам простор за прошетка и дружба со Луна па снимање на некое демо во студио каде што сме сите заедно.

Вечерните часови ги поминувам во одмарање со семејството, а најчесто тоа е слушање “beat” и пишување на некој текст заедно со сопругот Туте. За нас креирањето е најголемо уживање.


Со моите обврски во текот на денот и ноќта многу ми е полесно да изгледам филм наместо да читам книга. А кога немам време ни да изберам филм често се враќам на серијата “Сексот и градот” која што ме релаксира со некоја чаша бело вино.



(*Срна Богдановска Јакимовска - хип хоп артистка)