Утринско кафе со Стефанија Танева: Мотив ми е креирање на насмевка која пациентите цел живот ја посакувале

Утрото го користам да се подготвам за престојниот ден, во деновите кога имам обврски поврзани со постдипломските студии прво се упатувам кон факултет и ги завршувам нив, а во останатите денови претпочитам да поспијам подолго и да се одморам. Потоа се упатувам кон скопското кале, на моето работно место, ординацијата Арсо-Дент, каде го пијам моето утринско кафе, чај или какао.


Ме мотивира самото тоа што преку мојата професија можам да го унапредам здравјето на пациентите, но воедно и да придонесам за подобрување на нивната самодоверба преку креирање на насмевка која од секогаш ја посакувале. Сето тоа го правам со многу љубов, посветеност и секојдневно стекнување на нови знаења од областа на стоматологијата.

View this post on Instagram

A post shared by Stefanija Taneva, DMD (@dr.stefanijataneva)



Моите дневни планови и обврски најчесто се состојат од: работа со пациенти (деца и возрасни), кај кои најчесто се поправаат кариозни заби или пак се лечат коренските канали на забите, се поставуваат мостови или протези. Новитет во нашата ординација е аплицирање на хујалуронски филери и ботокс, чиј фокус е подобрување на естетиката кај нашите пациенти.



Вечерта ја минувам во друштво на најблиските и пријателите, најчесто во некое кафуле, ресторан или пак на латино, но немам проблем да ја поминам и сама уживајќи во моето хоби-рачна изработка на накит.



Најчесто се релаксирам со гледање на некоја од моите омилени серии, но во последно време се повеќе ме привлекува и читањето книги, па се стремам и тоа да го направам дел од мојата дневна рутина.


*Стефанија Тенева - стоматолог