Утринско кафе со Столе Коцев: Станувам во 6, а почнувам да се будам во 9

Денот најчесто ми започнува во брзање за на работа каде што ме чека армиска опрема и пат до Штип, па поради тоа првото утринско кафе го пијам сам.

Ако мислите на станувањето во 6 ништо не ме мотивира, всушност веќе кај 9 почнувам да се будам и размислувам за наредните чекори во музиката. Дневните планови најчесто се менуваат во зависност од тоа што ме чека во текот на денот, а поголемиот дел од обврските ми се поврзани со воените задачи кои што ми ги задаваат, а за викенд обожавам да се релаксирам во природа и се забавувам во текот на настапите.

По долг, напорен ден сакам да се опуштам во пријатна домашна атмосфера каде што друштво ми прави мојата (што би рекле кумановци) будуќа жена, хахаха. Практикувам да гледам филм или почесто некој спорт. 

* Столе Коцев, саксофон во групата „Риплеј“, студент на ФМУ и професионален војник