Утринско кафе со Тамара Тодоровска: Горда сум кога ќе речам дека работам во Кроациа Осигурување Живот

Денот ми започнува рано наутро со подготовка за новиот работен ден и спремање на мојата керќичка за во градинка. Голем љубител сум на вкусот на кафето, а првото утринско кафе го пијам со колешките на работа додека ги организираме работните обврски за претстојниот ден.

Најголема мотивација ми е сопругот кој секогаш ме поддржува, ме советува и ме бодри за совладување на сите препреки низ животот. Дополнително ме мотивира мислата дека со доволно вложен труд се постигнува посакуваната цел. Секогаш можеме повеќе и подобро, вложувајте во себе и давајте максимум за да бидете исполнети и среќни.


Горда сум кога ќе речам дека работам во Кроациа Осигурување Живот. Во друштвото сум веќе 4 години каде што секој ден е динамичен и различен од претходниот. Посветена сум на задачите и секогаш вложувам труд за исполнување на работните обврски навреме. Благодарна сум на вреднувањето на мојата работа и посветеност од страна на Компанијата како и на моите колешки со кои имаме одлична комуникација, секогаш се поддржуваме и си помагаме меѓусебно.


По работа, денот ми продолжува со семејството, најчесто со прошетка во природа. Настојуваме да сме физички активни и да ја мотивираме керќичката да биде активна, да спортува и да ја сака природата.


Во слободно време се дружиме со пријателите, планинариме или посетуваме некое место во природа, а вечерта е резервирана за правење палачинки или гледање на некој добар филм со големи количини на пуканки.



(*Тамара Тодоровска – Соработник за спречување перење пари и финансирање тероризам)