Утринско кафе со Тања Атанасова Ефтимова: Секогаш можеме повеќе и подобро!
Секој нов ден е подарок и
предизвик да се направи подобра верзија од себе,шанса да бидеме поблиску до остварување
на сопствените цели.По природа сум човек кој станува рано и го започнува денот
во полн здив.Веке 06.00ч сум будна и првото
утринско кафе го пијам во мојот дом планирајки ги дневните активности.Најчесто
друштво ми прави сопругот,согласно неговите работни обврски.
Позитивната енергија и добрата мисла се клучни за убав почеток на денот,а нив секогаш ги имам во изобилие со утринските насмевки на мојата 13-годишна ќерка Лина и 2-годишниот син Леонид. Секогаш сакам да сум и во нивно друштво наутро за да споделиме бакнежи и прегратки.Децата имаат непресушна енергија којашто несебично знаат да ја споделат,учејќи не нас родителите на важна лекција за приоритетите во животот.
Денот продолжува на моето
работно место и првата работа е организирање на дневните активности и состаноци
со колегите од мојот тим во Секторот за поддршка на продажба и едукација. За
секој од нас е многу важно да учиме во континуитет,па токму споделувањето на
искуствата од претходниот ден или пак работна седмица ни овозможува да растеме
професионално.Тимот и синергијата се клучни и особено ми е пријатно ако заеднички доаѓаме до одговор на
некое важно прашање или дефинираме некој од проектите и процесите за натамошно
унапредување на работењето.
Во текот на денот имам најразлични обврски-изработка на извештаи,анализирање на податоци, работа на проекти,администрација, следење на новитетите и трендовите во секторот, учество на настани, воспоставување договори за соработка,....итн.Секогаш сакам да поставувам нови цели и нови поинтересни задачи а воедно и да расте мотивацијата за нивно извршување.Обврските кои што ги имаме секојдневно не трпат одложување и запоставување.Многу често ги слушам прашањата како:,,Нели е премногу напорно?’’Можеби понекогаш е навистина многу напорно но со одличен тим,добра мотивација и страст кон работата сето тоа станува незабележливо.Уште поголемо е задоволството кога ке видите успешно завршен проект или пак задоволен соработник.Позитивниот резултат ни покажува дека сме вложиле доволно и страста и желбата за работа станува се поголема.Насмевките на лицата на моите соработници и колеги се непроценливи,нема подобро нешто од чувството на успех.
На самиот крај на денот сакам да ги сумирам резултатите на заедничката работа,да се навратам на претходните задачи и да пронајдам што сме можеле да завршиме поуспeшно.Секогаш можеме повеќе и подобро,од нас зависи!-тоа е мојата движечка сила.Секој вложен труд вреди,не треба да се откажеме од нашите цели за да можеме да ги постигнеме.Упорноста и истрајноста се клучни,а кога некој го вреднува тоа што го правите имате желба да продолжите со уште поголем ентузијазам.
Најчесто вечерите се исполнети
со разговори и квалитетно поминато време со моето семејство.Сакаме да
проследиме некој спортски натпревар ,да возиме велосипед , да пешачиме,да
разговараме за случките во текот на денот или да изиграме некоја интересна
друштвена игра.За викендите навечер знаеме да одбереме добар филм и да го
одгледаме во домашна атмосфера,исто така да поминеме време со
пријателите.Добрата книга е секогаш во предвид.Последните години стручната
литература е составен дел од моето
секојдневие но знам да прочитам и белетристика навечер за релаксација.
Моментите кога споделувате и креирате нова енергија за да продолжите со истата сила или пак уште подобро се најважни.Секогаш треба да одвоиме време за работите што ги сакаме и да направиме договор со себе за почитување на истото.Само така можеме да бидеме исполнети и реализирани.
(*Тања Атанасова Ефтимова -Директор на служба за поддршка на продажба и едукација-Кроација Осигурување)