Утринско кафе со Татјана Илиева-Хаџиевска: Кога се сите среќни дома, и јас сум

Денот секогаш ми почнува со првото и единствено кафе, само утринско. Било да сум на работа, на одмор или треба да патувам некаде, секогаш станувам порано за да не си го пропуштам задоволството со утринското кафе. 

Без него не можам да функционирам. Практикувам секогаш да го пијам сама , додека сите спијат, задолжително со интернет и со музика. 

Ме мотивира моето семејсатво, особено децата и внуците,секако и мојата професија. Кога сите се добри,расположени, среќни и јас имам повеќе волја да работам и успешно да го реализирам денот.

Во текот на денот ги распоредувам обврските што ми претстојат, во зависност од тоа дали сум претпладне или попладне на работа. Денот најчесто ми завршува во добро расположение, понекогаш малку уморно, во кругот на семејството, а понекогаш со пријатели , дома или во некој ресторан.


Многу сакам да прочитам добра книга или да погледнам филм, но со секојдневните обврски немам многу време, па тоа го оставам за викенди и за годишни одмори.

(Др. Татјана Илиева-Хаџиевска, специјалист по гинекологија и акушерство во ПЗУ др. Хаџиевска)