Утринско кафе со Теодора Ежовска: Ме мотивираат моите ученици и луѓето во Битрих Културно-уметнички Центар

  Секој ден, а со тоа и секое утро претставува нова приказна, нова неиспишана страна и нов предизвик сам по себе, на кој што му се радувам. Себе си се сметам за утринска личност, така да дефинитивно, утрото ми е омилениот период од текот на денот, па особено внимание сакам да му посветам на истото.   

Обично денот ми започнува околу 6/7 часот и тоа најчесто будењето ми е без звукот на мојот аларм, за да првата работа која ја допрам не биде мојот телефон (се трудам да ја избегнам таа навика на утринско “скролање” по социјалните мрежи, некогаш ми успева, некогаш не, хаха).   

Првото нешто што го правам е хидратација, на моето тело и лице и завршување на утринската „selfcare“ рутина. Потоа следи утринско кафе, тоа е единствената компонента заедно со слушање на музика која не се менува во утринската рутина . Најчесто со кафето оди читање на книга, дел од мојата новогодишна резолуција е: читање на барем едно поглавје секое утро. Откако сум го разбудила мојот мозок, следи будење на моето тело, па следна работа од  “to do list” е јога и медитација, ако можам да одвојам една работа која донесе огромен бенефит за моето ментално и физичко здравје во периодот на оваа пандемија и изолација, тоа дефинитивно е јогата, која од тој период па до сега прерасна во секојдневна навика. Со  спремањето на појадокот, ја сумирам мојата утринска рутина и следи спремање за денот кој што претстои.


Динамиката на мојото секојдневие се состои од тренинзи, проби во првата половина од денот, кој јас за  себе го нарекувам период на работа на себе си. Иако пробите се репетитивна работа која се повторува во текот на деновите, секој тренинг е нов предизник сам по себе и комуникација со своето тело, затоа што има и денови каде што телото не сака да слуша и соработува, но и тоа дел и прифаќање на убавината на мојата професија, која со сигурност можам да кажам дека е дел од мојот идентитет.


Мотивацијата за себе ја наоѓам во различни ситуации, луѓе и дела. Најчесто ме мотивираат луѓе кои несебично и безрезервно се даваат во работи кои им се пасија, рандом актови на лубезност и добрина, мал но доста значаен знак на внимание, хуманост кај луѓето. А од професионална гледа точка, знае да ме инсприра добра музика, претстава, кореографија, и се поврзано со уметност. Но како особена мотивација би ги издвоила моите ученици и луѓето во Битрих Културно-уметнички Центар, каде што сум дел од тимот инструктори веќе две години. Мотото на моите часови е дека тие преставуваат двонасочна улица, каде колку што колку тие учат од мене, толку и јас од нив, па дури и повеќе. Ми претставува  посебно задоволство, споделувањето на моето скромно знаење и радост кога гледам како тие го примаат и начинот на кој што се изразуваат преку танцот.


После ден исполнет со многу танц, музика и луѓе околу мене, кои во нашата професија неизбежно е, а да не ти бидат воедно и твоите најблиски и најдраги луѓе. Вечерните часови сакам да ги поминам во мирна атмосфера, каде што ке можам да се ресетирам, и опуштам, тоа најчесто го правам со долг и топол туш и пуштање на добро филмче, многу често знам да му се навратам на “Good Will hunting” кое се наоѓа на листата на омилени филмови.


(*Теодора Ежовска - Дипломиран педагог, танчер по современ танц)