Утринско кафе со Томислав Поп Илиев: Мојата водилка е „Денес биди подобар, од тоа што си бил вчера

Вообичаено го започнувам денот во раните утрински часови со вежбање јога, но во последната година, најновиот член на нашето семејство упорно се труди да ме стави во "клубот 5 наутро" ( се смее).

 Утринското кафе го пијам дома со слушање детски песнички на телевизија. По пристигање на работа, второто кафе го пијам со колегите, каде што дискутираме за дневните активности. 

Мотивација црпам од семејството, кои се мои најголеми подржувачи, од прогресот на работното место и задоволството на клиентите. Моја водилка е „Денес биди подобар, од тоа што си бил вчера."

Поради динамичноста на работната средина и професионалноста на опслужување на клиентите, плановите ги спремам во предходниот работен ден. Комуникацијата со клиентите е најважна и нивното искуство со Croatia Осигурување за мене е приоритет за кој вложувам најмногу енергија, за да го одржам на највисоко ниво. Од друга страна истото и најмногу ме исполнува. За сето тоа да биде успешно потребна е тимска работа на сите служби во компанијата. Резултатите се и тимско достигнување. 

По завршување на работните обврски денот го продолжувам со семејството, шетање во природа е нешто што ме исполнува како и спортување. 

Морам да напоменам дека живеам со книжевник и професор (се смее), затоа многу често на моето биро ќе најдете книга која според жена ми, „морам да ја прочитам". 
Денот го завршувам со гледање на документарни емисии, подкасти и мотивациски говори. 

*Томислав Поп Илиев - менаџер за корпоративни клиенти во Кроациа Осигурување