Утринско кафе со Тони Ангеловски: Денот ми почнува со горко кафе и лимонада

Денот ми започнува во 7:30 задолжително со турско горко кафе и лимонада. По задолжителните подготовки, во 8:30 почнува работниот ден. 

Набрзина прегледувам што е објавено по социјалните мрежи и медиумите и ги проверувам дневната агенда и билтените. Потоа следува колегиумиот и другите обврски поврзани со работата. 


По завршувањето на работните обврски, задолжителен е ручекот на мајка ми, кој често знае и да биде вечера, зависно од тоа кога ќе завршам со работните обврски. Патем, се разбира, задолжителна доза се и сите дневници на телевизиите.


Вечерта, доколку нема некоја кризна ситуација што би ме вратила на работа, е резервирана за мојата девојка и пријателите. 

Фудбалот ми е омилен спорт, дури како тинејџер и тренирав, и деновиве уживам во следењето на натпреварите од светското првенство, најчесто во скопските кафулиња. 


Сакам да возам точак на кеј и ја користам секоја можност за тоа, а сакам да одам и во кино. Се разбира, цело време тука се и ринг тоновите на моите телефони, кои ги слушам цел ден.


*Тони Ангеловски - Портпарол на Министерството за внатрешни работи