Утринско кафе со Трајче Гогов: За секоја цел човек мора да се потруди и да даде нешто од себе

Бидејќи сум тип кој сака максимално да го искористи времето додека спие, го местам будилникот, така што обично го пијам моето прво кафе „во фрка“. Морам да бидам искрен, колку и да немам време не излегувам од дома без една голтка кафе. Затоа пак кога сум слободен, го користам времето максимално со мојата фамилија. 

Ме мотивира љубовта кон мојата фамилија и моите блиски. Опкружен сум со луѓе кои ме ценат и сакат и поддржуваат во секој мој чекор. Гледам позитивно на животот и знам дека за секоја цел мора човек да се потруди и да даде нешто од себе за да се исполни таа цел. Ги прифаќам работите како што се и гледам да извлечам барем нешто позитивно колку и да изгледа лошо на прв поглед. 

Покрај музиката, јас сум сопруг, татко и работам во медицина. Пред три години завршив „Bachelor of Science in Nurse“ на факултетот БФХ во Берн. Моите дневни планови зависат најмногу од мојата фамилија и мојата скоро три годишна ќерка која ми е секогаш приоритет. Музиката е секогаш во мене и околу мене. Така да никогаш не ми фали инспирација за тоа. Моите текстови ги мислам често пати додека возам кола или околу полноќ додека спие мојата ќерка.

Денот ми завршува секогаш со едно кафе, иаку не е препорачливо да се пие кафе пред спиење. Јас го практикуван тоа сосема спротивно и за среќа досега сум немал проблеми со спиењето. Најчесто уживаме со мојата сопруга во гледање на некоја заедничка серија или пак во некоја интересна тема за разговор. Се случува исто така да останам во моето студио до рано наутро, сè зависи од идејата.


(*Трајче Гогов- музичар)