Утринско кафе со ... // Утринско кафе со ...
Утринско кафе со Венхар Рамадани: Ме мотивира насмевката на ќерка ми Амелиа
Кога сум во канцеларија, првото утринско ми е со колегите, а кога сум надвор, со клиентите. За време на викендите, пијам кафе со најблиските.
Ме мотивира насмевката на мојата ќерка Амелиа и успесите на моите најблиски. На работа ме мотивираат моите резултати.
Дневните планови и обврски, обично наутро се врзани за канцеларија и на терен. Попладне, секогаш на фитнес, а навечер по дома.
Денот ми завршува обично по дома. Учиме нови нешта со Амелиа. Понекогаш излегувам со другари.
Книга, ама гледам и филм , за да ѝ правам друштво на жена ми, Мимоза.
* Венхар Рамадани, директор на порталот telegrafi.com за Македонија