Утринско кафе со Верица Пандиловска: Ме мотивира успехот на младите

Денот ми започнува околу 8 часот. Јако турско кафе ми е дел од утринскиот ритуал.Секогаш го пијам со сопругот.Во однос на тоа дали имам обврски околу некој проект е и мојот работен ангажман. Сакам акција, но најважноод сѐ сакам реализација на сѐ што ќе ставам на дневен ред. Уште од претходната вечер си правам план за следниот ден во кој што запишувам што треба да реализирам. Како пиар организирам сѐ во рамките на Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија, како во Македонија така и надвор. Главно, тоа се промоции и едукации, односно обуки на менаџменти на компании, општини, градинки, но и на студенти.

Ме мотивира убав сончев ден, добра и позитивна мисла. Ме мотивира и успехот на млади луѓе, позитивна енергија, насмеани лица. Сакам да слушам за успеси и резултати со кои светов утре може да биде многу подобар од денес.

Кога имам настап денот поинаку го организирам. Гледам премногу да не закажувам обврски, да ми е порелаксиран за да се посветам одморна максимално на настапот. Кога сум слободна, вечерта најмногу ја поминувам во удобноста на домот во кој што живееме со сопругот. Сакаме да гледаме филмови. Јас сум фан на филмови кои обработуваат теми од научна фантастика. Секако, сѐ што е ново и интересно секогаш сме расположени да го погледнеме, а потоа се разбира и да прокоментираме. Што се однесува до книгите, некако во последно време повеќе ме влече психологија. Да бидам искрена, со прашањево ме потстивте дека најдобро е чувството кога во рака држиш и читаш книга. Денеска некако се навикнавме и станавме комплкетно зависни од лаптоп, таблет и андроид, па сѐ живо консумираме електронски.