Утринско кафе со Весна Миленкоска: Sourdough лепчињата за мене се мотивација и предизвик секој ден

Пред да почнам со изработка на sourdough лепчињата, кафето ми беше на прво место. Сега денот ми започнува со припрема на лепчињата, па потоа кафето. 

Утринското кафе секогаш го пијам со книга, без разлика колку страници. Го сакам пишаниот збор, уживам во тишина.

Желбата е она што ме мотивира. Љубовта, да се успее во она што се сака. Без разлика што се работи, треба да се работи со љубов. Овој леб за мене е мотивација и предизвик секој ден.


Последниве неколку месеци месам, печам, доставувам (се смее) .  Како што спомнав утрата ми започнуваат со припрема, набрзо потоа печам што сум спремила предходниот ден. Откако ќе ги доставам sourdough лепчињата веднаш продолжувам со замесување за следниот ден.

Тука секако во обврска влегуваат и сите домашни работи. Но, не се жалам. Кога сѐ сака, се може.


Реално денот ми завршува со тоа што почнува - стартерот. Да се прихрани и да се спреми за наредно утро. Вечерите ги поминивам со сопругот и децата. Убаво е кога сите сме дома. Она што ги исполнува плус моите денови во пандемијата е јогата.

Понекогаш сакам да изгледам филм. Но мојот избор е секогаш книга. Тоа што книга може да каже, филмот не може ни приближно.


Би сакала да додадам дека, секој последен четврток готвам и донирам оброк на семејство #зготвииподари. За неколку месеци видов искрени насмевки, насолзени очи и голема благодарност. Можеби е малку, ама верувајте за некој многу значи. Би сакала што повеќе луѓе да се вклучат во ова.


(*Весна Милековска-Иницијатива  #зготвииподари )