Утринско кафе со Зоран Фаци Василевски: Немам време за тага

Денот ми почнува во 7 часот наутро. Првото утринско кафе го пијам во моето „Дежаву“. Тука  во детскиот парк имам посебно катче кај моите 12 папагали за кои се грижам секој ден. 

Потоа право во телевизија, снимање, монтажи и студио. Телевизијата е магија која се доживува секој ден. Емисијата „Ексклузив“ бара многу голем ангажман и патувања. Може да биде напорно, душата ми знае, но кога си ја сакаш работата ништо не е тешко. 

Мојата мотивација е сонцето и позитивната мисла, креативноста ја црпам од позитивната енергија, едноставно немам време за тага. 

Денот ми завршува доцна навечер, испружен во кревет со добра книга во рака. Така и заспивам. 


Зоран Василевски, естраден новинар