Ужасно непријатна сцена помеѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон: Тоа што му го направи принцезата е крајно срамно
На неодамна одржаната венчавка на јорданскиот принц Ал Хусеин и неговата избраничка Рајава Калед Сеиф, се случи малку непријатна сцена помеѓу принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. На овој значаен настан присуствуваа голем број луѓе, што дополнително ја усложни и онака тензичната ситуација.
Во текот на денот и вечерта се разменија бројни раскошни тоалети, а освен нив вниманието на медиумите го привлече и еден настан, кој се случи меѓу Кејт и Вилијам.
Принцот Вилијам бил забележан како ја прекинува својата зборлеста сопруга, принцезата Кејт, на раскошна кралска венчавка во Јордан. Како што пишуваат медиумите, принцезата Кејт толку се зазборела со невестата што нејзиниот сопруг морал да интервенира за да прекине со разговорот.
Додека другите гости поминаа околу 10 секунди во разговор со младенците, Кејт и принцезата Рив разговараа повеќе од една минута. Тогаш Вилијам го прекинал разговорот гестикулирајќи и на Кејт за заврши со зборување.
Инаку, Чарлс и престолонаследникот Хусеин заедно дипломираа на британската Кралска воена академија во Сендхерст, каде станаа многу блиски и пријатели. Во 2018 година, Вилијам го посети Јордан за време на државната посета и помина извесно време со престолонаследникот Хусеин.
Фото:Facebook/katemiddleton