Ужива во негово друштво на Ибица: Наташа Беквалац има силна врска со овој маж

Добивај вести на Viber

Деновиве познатата српска Барбика, како што ја нарекуваат тамушните медиуми, Наташа Беквалац, ги поминува на Ибица.

Русокосата шармантна пејачка таму е на специјална покана на српскиот дизајнер Михајло Анушиќ.

Тој ѝ испрати специјална покана во која нагласи дека едвај ја чека на Ибица, а верната пријателка не го изневери и му ја возврати честа.

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)



„Љубов и пријателство кое трае повеќе од 20 години“ - напиша Беквалац на Инстаграм , постирајќи низа фотографии во друштво на модели меѓу кои е и нејзината сестра, познатата дизајнерка Кристина Беквалац.

Михајло Анушиќ е креативниот директор и сопственик на брендот Михано Момоса по чии креации лудува регионот, но и најпознатите светки модели.