Уживаат во радостите на снегот: Четири хороскопски знаци кои најмногу ги сакаат зимските спортови
Зимата пристигна и тоа значи само едно - време е за зимски спортови. Истражувавме кои хороскопски знаци особено уживаат во зимските спортови. Носете термална облека, ставете топла капа на главата и облечете ракавици - ве очекуваат ледени авантури.
Овен:
Скијање
Овните се познати по својата енергија и страствен однос кон сè што прават.
Скијањето за нив е вистински спорт - чувството на слобода додека се лизгаат по
падините само ја зголемува нивната природна желба за адреналин.
Близнаци:
Сноуборд
Близнаците се љубопитни и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Затоа
сноубордот е совршен спорт за нив. Секое спуштање по планината е нова авантура,
а дружењето со пријателите на снег ги прави среќни. Близнаците се познати по
смислата за хумор, па смеата и забавата на патеката само ќе се зголемат.
Водолија:
Уметничко лизгање
Водолиите се креативни и независни, па лизгањето ќе биде нивна зимска страст.
Без разлика дали се работи за лизгалиште на отворено или внатре, Водолиите со
стил ќе танцуваат на мразот. Нивната слободна и отворена природа ги прави
одлични лизгачи кои ќе ги воодушеват сите со своите пируети.
Рак: Хокеј
на мраз
Раковите се познати по својата страсна природа и исклучителна емоционална
длабочина. Хокејот на мраз е спорт кој целосно ќе ги плени. Гледајќи ја играта
на мраз, Раковите се занесени во секоја акција и го чувствуваат секое движење.
Исто така, тие сакаат да го поддржуваат својот омилен тим и да ја искусат
возбудата од хокеј игрите со нивното друштво. За нив хокејот на мраз не е само
спорт, туку вистинска страст која ќе ја практикуваат и поддржуваат со љубов.
Фото:freepik.com
Извор: www.index.hr