Уживајте во секој миг со новиот Галакси А9 (Galaxy A9)

Добивај вести на Viber

Самсунг Галакси А9 (Samsung Galaxy A9), смартфон создаден за сите оние кои сакаат да истражуваат, да го зачуваат и споделат моментот онака како што тие го гледаат, прв во светот претставува четрикратна задна камера. Новиот паметен телефон на компанијата Самсунг пристигнува со низа иновативни функции. Галакси А9 ќе биде достапен во Македонија во втората половина од ноември оваа година.  

Галакси А9 е создаден за оние кои знаат што сакаат и се борат за да го добијат. Без разлика дали станува збор за креирање на врвна “селфи“ фотографија, или пак перфектна панорамска слика, Галакси А9 е идеалниот придружник за зачувување и споделување на секојдневните авантури.

Навистина ја разбираме потребата за значајни иновации во динамичниот свет предводен од визуелната комуникација. Надоградувајќи ја нашата традиција во областа на развојот на камерата за мобилни телефони, ја воведуваме следната генерација технологија во рамки на целото наше Галакси портфолио. Сакаме да им дадеме на корисниците можност да ги доживеат најсовремените, врвни иновации. Драго ни е што можеме да го исполниме ова ветување и што претставуваме светски водечка технологија за камери на Галакси А9 уредот.” – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Генерален Директор на Дивизијата за ИТ и Мобилна Комуникација во компанијата Самсунг Електроникс.

Во свет во кој сите контстантно се поврзани и во кој моментите и сеќавањата, од оние секојдневните па се до оние кои се случуваат еднаш во животот, се зачувуваат и споделуваат за миг, паметниот телефон стана многу повеќе од едноставен телефон за корисниците. Затоа, Галакси А9 ги има најдобрите Самсунг иновации во областа на камерата за да им овозможи на сите корисници да постигнат и искусат повеќе и секој ден да откриваат нови можности.

Иновативната задна камера со четири објективи им овозможува на корисниците без напори да креираат динамични фотографии.

·  Двојниот оптички зум овозможува детални фотографии од близу, дури и кога се креирани од поголема далечина.

·  Ултра Широкиот објективовозможува креирање на професионални фотографии со помош на опцијата оптимизација на сцена. Со помош на функцијата за препознавање на сцени преку вештачка интелигенција, камерата сега е попаметна - може да го идентификува субјектот и да ги прилагоди поставките соодветно во истиот момент за да креира најдобра можна фотографија.

·  Со објективот за длабочинаможе рачно да се постави длабочината на полето на фотографијата и фокусот на субјектите што помага за неверојатни фотографии кои изгледаат како да се фотографирани од професионалец.

·  Со главниот објектив од 24MP фотографиите се јасни и живописни и при услови на јака осветленост и при низок степен на осветленост, во било кој период од денот.

Батеријата со капацитет од3,800mAh[1] овозможува живот без ограничувања и уживање во долготрајните перформанси на Галакси А9. Корисниците може без ограничувања да зачуваат се што сакаат, а да бришат помалку со помош на меморискиот капацитет на Галакси А9 од 128GB и можноста за проширување до 512GB.

Дизајнирани за да го олеснат секојдневното функционирање, функциите на Галакси А9 како што се“Bixby“[2], “Samsung Pay“[3]и“Samsung Health“ им овозможуваат на корисниците да користат низа поволности кои Галакси А9 ги нуди, а се однесуваат на можноста на истовремено извршување на задачи, меѓу кои и “App Pair“.

Продолжувајќи ја традицијата на Самсунг во однос на првокласниот дизајн, новиот Галакси А9 е достапен во три уникатни бои: црна, сина и розева[4], со елегантен ергономски дизајн кој совршено се вклопува во една рака и 3Д заоблено стакло на задната страна за врвен квалитет и удобност.

За повеќе информации за новиот Галакси А9 уред, посетете ги страните: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

Самсунг Галакси А9 – Спецификации за производот



[1]Типична вредност при тестирање во надворешна лабараторија. Типичната вредност е проценета просечна вредност која ги зема в предвид девијациите во капацитетот на батеријата помеѓу различни примероци батерии тестирани во согласност со стандардот IEC 61960. Гарантиран (минимален) капацитет е 3,720 mAh. Релната издржливост на батеријата може да варира во зависност од мрежата, начинот на употреба и други фактори

[2]Достапноста на услугитеBixby“ може да варираат во зависност од пазарот, а “Bixby voiceподдржува самоBixby 1.0.

[3]Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата.

[4]Достапноста на бои може да варира во зависност од земјата