Вака „девојката со крилја“ ја пресоблекува ќерката: Со ова видео предизвика бура од најубави емоции (ВИДЕО)

Дејана Бачко, позната и по прекарот „Девојката со крилја“, неодамна се породи, а со своите следбеници на социјалните мрежи со задоволство и често ја споделува својата среќа и времето што го поминува со ќерката Лара.

Таа пред два месеци објави видео на кое го храни своето бебе и сите беа преплавени со убави емоции.

Тоа го покажуваат речиси 20.000 лајкови и многубројните коментари во кои следбениците и изразуваат поддршка.


А неодамна откри и како го облекува своето бебе и уште еднаш воодушеви многумина.


„Хероина“, „Мало пиле. Браво мама, чудо е што се може оваа жена!“, „Најдобрата мајка! Ме расплака“, „Браво жено-кралице“, се само дел од коментарите на видеото кое има над 80 илјади лајкови.


Инаку, Дејана (27) завршила уметничка академија - цртање и сликање, актуелна светска шампионка е во теквондо, се занимава со стрелаштво и иако одамна со спортските успеси покажа дека за неа пречките се само предизвици, таа отиде чекор понатаму во мајчинството.


FOTO: Instagram