„Вака изгледа жена која има многу, многу пари и нема стил“: Модните експерти се згрозуваат секогаш кога ќе видат што носи
Многумина се прашуваат како изгледа кога жената има многу
пари и нема стил, а откриваат модните експерти.
Џорџина Родригез е една од најозборуваните познати личности на денешницата. Многу луѓе не можат да ѝ простат за начинот на кој таа стана во центарот на вниманието речиси преку ноќ.
Имено, таа стекна голема слава со бракот со Кристијано Роналдо, што и донесе големи спонзорства и приходи. Со текот на времето го изгради своето име, па не и требаат парите на Роналдо за да си дозволи голем луксуз. Нејзиното самостојно богатство се проценува на 10 милиони долари, а на Роналдо 600 милиони долари.
Сепак, и покрај тоа што се облекува во најскапите работи и ги носи најлуксузните парчиња накит, многумина коментираат дека таа нема ама баш воопшто стил.
Модните експерти тврдеа дека Џорџина Родригез е жена која не може да се пофали со добар моден стил, а коментарите кои најмногу се истакнуваат под нејзините објави на Инстаграм се „Жена со многу пари и без стил“. И не само тоа! На толку пари може да си ги дозволи најдобрите стилисти на планетата. Дека таа треба да биде пример за врвно облекување, а пример за врвно соблекување и бескраен кич.
Сепак, има и такви кои ѝ симнуваат капа за нејзиниот успех и кои ја поддржуваат, не гледајќи ништо лошо во нејзиниот стил на облекување.
Што мислите, дали Џорџина има стил и дали може да се купи со пари?
KurirФото. инстаграм