Вака изгледала една од најубавите жени во светот на почетокот на кариерата

Добивај вести на Viber

Нејзината убавина и ден ден е раскошна, воодушевувачка.

Италијанската актерка Моника Белучи, својата кариера ја започнала во Милано, во 1998 година.

Моника на своите 16 години работела за Долче и Габана. Истовремено додека се занимавала со мода, се запишала и во училиште за глума.

Во 1990 година играла во филмот „Живот со синови“,  а вниманието на уметниците го привлекла со малата улога во филмот „Дракула“.

Улогите во овие филмови поминале незапамтени, но тоа се променило со улогата во филмот „Апартман“,во кој таа била номинирана за Цезар награда во категоријата како најеминентна актерка.

Сепак по една година, Белучи стана светски позната со филмот „Доберман“ каде што глумеше со нејзиниот сегашен сопруг Винсент Касел.

Иако ден денес таа изгледа совршено, Моника Белучи најголемата популарност ја достигнала на почетокот на кариерата, кон крајот на 80тите и почетокот на 90тите.