Вака се сака жена: Јас сум сопруг на Милена, жената која заболе од рак и сакам да го знаете следново

Сопругата на актерот Радош Бајиќ, Милена, е најголемата негова љубов и поддршка веќе пет децении. Меѓутоа, во нивниот живот, и покрај убавите денови исполнети со среќа, имало и тешки денови. По тој повод, Радош ѝ се обрати на својата сопруга со емотивна порака.

Не неколку пати, Радош Бајиќ јавно зборуваше за тоа како Милена дошла во неговиот живот во 1973 година:

- На 4 мај 1973 година ја запознав убавата Милена Бјелиќ, која стана Бајиќ по 3 години... Ручек на картонска кутија, две вилушки и две лажици, изнајмена соба со употреба на заедничка бања - борба, жртвување, скромност, истрајност, доверба и бескрајна љубов која трае до денес... За многу лета - напиша тој со нејзината фотографија од младоста.

View this post on Instagram

A post shared by Radoš Bajić - Zvanična strana (@rados.bajic.officialpage)


Нивната среќа најмногу ја потресе сознанието дека сопругата на Радош Бајиќ има рак на дојка, а во оние најтешките моменти, во кои таа ја водеше битката од која излезе како победник, Радош беше со Милена со целото срце.

- Јас сум сопруг на жена на која ѝ беше дијагностициран рак на дојка и искрено сакам да ги охрабрам сите мајки, сестри, сопруги, ќерки, баби, и да им кажам дека има светло на крајот од тунелот. Поминав двесте и осумдесет и осум дена со  мојата сопруга Милена во Белградскиот институт за онкологија, помагајќи ѝ во тешката борба. Иако секогаш го чував приватниот живот како оаза, во договор со сопругата и децата, решив да излезам во јавноста со моето искуство заради сите оние жени на кои им е потребна помош - изјави тогаш за медиумите тој и посочи дека неговата сопруга ја победила злобна болест.

По тој повод, Радош објави и на својот „Инстаграм“, испраќајќи емотивна порака до Милена:

- И денес е важен ден, како и секој што го поздравуваме во здравје, мир и спокојство. Мојата Милена - поддршка, потпора, секогаш покрај мене, мајка на моите деца, баба на внуците, мојата љубов ... Господ да ја чува!

View this post on Instagram

A post shared by Radoš Bajić - Zvanična strana (@rados.bajic.officialpage)


извор:stil.kurir.rs