Здравје // Совети
Вакцината не е причина, а ниту срцевите проблеми- зошто е во кома пулмологот Ангелко Ѓорчев, чија состојба уште е непроменета
Состојбата на 73-годишниот маж од Северна Македонија, на кој му се слоши во салата „Чаир“ во Ниш викендот е непроменета и тој се уште е во кома. Тоа го изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ за БЕТА.
„Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина“, изјави Перишиќ.
Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.
Станува збор за таткото на Влатко Ѓорчев, познатиот лекар Ангелко Ѓорчев. За ова информира самиот Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил.
Детали, читајте на Фактор, тука