Здравје // Совети
Вакцинирањето на возрасните ги штити и невакцинираните околу нив, особено децата-открива израелска студија
Нови податоци од Израел, каде што веќе е поодмината кампањата за вакцинација против коронавирусот со вакцината на Фајзер/Бионтек, сугерираат дека вакцинацијата на возрасните исто така ги штити и невакцинираните лица кои живеат во нивна близина, особено децата.
Околу една третина од 1,95 милиони луѓе кои го користат системот на здравствена заштита на Maccabi Healthcare Services (MHS), сите над 16-годишна возраст, примиле барем една доза од вакцината до 30 јануари.
Проучувајќи ја епидемиолошката состојба во 223 заедници, истражувачите откриле дека со зголемувањето на бројот на вакцинирани возрасни, стапката на инфекција кај невакцинираните корисници во истите заедници опаѓа - особено кај децата.
Детали читајте на Фактор, тука.