ВАСКА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Женското име Васка е облик на името Василиј, светецот кој го празнуваме денес. Василиј е српска варијанта на грчкото машко име што потекнува од грчкиот збор „басилеиос“, што значи „кралски“.Тоа е исто така варијанта на англиското име „Basil“, што во превод е растението босилек.

Нумеролошката вредност за името Васка е 4. Личностите кои го носат ова име се бавни во делувањето и реакциите и често се сомнителни по својата природа.Тие имаат малку доверба во другите и во себе. Сепак, тие се упорни и лојални, така што секогаш можете да се потпрете на нив.