Денес е Св. Василиј Велики: За да не ве следи баксуз цела година, направете го ова
Денес е Свети Василиј Велики, кого црквата го слави на првиот ден од православната нова година.
Според Светото Писмо, Исус Христос ги зел врз себе гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на чистење од првобитниот грев.
Според историјата и традицијата на црквата, Свети Василиј починал во 379 година, на возраст од 50 години, а живеел во времето на Царот Константин.
Многу обичаи и ритуали се поврзани со овој празник, некаде наречен и Мал Божиќ, за кој се смета дека е крај на Божиќните празници.
Се верува дека на денот на Свети Василиј не треба да се расправате, затоа што во спротивно ќе бидете баксуз цела година, додека во некои делови се верува дека треба да бидете особено претпазливи да не бидете измамени.
Во некои делови се верува дека ако врне снег или е облачно на овој ден, годината ќе биде плодна.
Во многу места низ Македонија се крши лепче со паричка, а најсреќниот ќе има година полна со здравје и успеси.