Вдовицата на Оливер Драгојевиќ откри шокантни детали од нивниот заеднички живот: „Беше спознор и изгубен случај“
Вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна, откри непознати детали од нивниот заеднички живот, нарекувајќи го „спонзор“ и „изгубен случај“. Оваа исповед носи нов увид во нивната љубовна приказна.
Весна Драгојевиќ, вдовицата на познатиот пејач Оливер Драгојевиќ, неодамна сподели интимни детали за нивниот заеднички живот. Оливер, кој почина во 2018 година, зад себе ја остави сопругата Весна и бројни спомени кои таа сега ги открива во јавноста.
Весна се присети на времето кога Оливер ја следел по познатата улица Страдун во Дубровник. И покрај тоа што тогаш бил во врска, не можел да одолее на шармот на Весна.
„Имаше една Јелена, ја знам! Секој ден ги менуваше тие жени. Беа фатени за рака, а мене следеше. Ова траеше десет дена. Еден ден седеше во градска кафеана и ми рече: ’Сињорина, од некаде си ми позната!‘ А јас му велам: „Ме знаеш, оти десет дена ми си зад грб“, низ смеа се присети Весна.
Весна отворено проговори за тешките времиња кога Оливер бил, како што вели „изгубен случај“.
„Оливер беше спонзор, јас го издржував. Моите родители зедоа кредити за да го средат станот. Кога се венчавме, единаесетмина живеевме во ист стан осум години“.
Овие интимни исповеди на Весна Драгојевиќ даваат нов увид во животот на познатиот пејач и нивните заеднички борби и љубов низ годините.
Фото:Инстаграм