Вечерва е првата полна месечина во 2022 година: Најсилно ќе влијае на овие 4 хороскопски знаци!

Добивај вести на Viber

Полната месечина ќе се случи ноќта помеѓу 17 и 18 јануари и ќе има влијание врз четирите знаци од зодијакот

Првата полна месечина во 2022 година ќе се случи помеѓу 17 и 18 јануари, а позната е и како Волк Месечина, поради старото верување дека волците завиваат од глад во студените зимски месеци.

Овој период ќе биде обоен со изразени емоции и чувствителност, што не е чудно со оглед на тоа што доаѓа кај Рак.

Полната месечина ќе влијае на сите знаци на Зодијакот, но особено на овие четири:

ОВЕН

Ова е период во кој ќе чувствувате носталгија повеќе од кога било досега, а ќе се сеќавате и на тешките моменти од минатото. Обидете се да не ве оптоварува тоа, туку преиспитајте ја вашата сегашност - што треба да решите и кој товар од минатото не ви дозволува да напредувате? Ослободете го вашиот животен простор за она што навистина го сакате и што ве прави среќни.


Следна страна