Вечна модна инспирација: Најдобрите комбинации за жени во 50 - тите во режија на Гвен Стефани

Добивај вести на Viber

Гвен Стефани има непогрешливо чувство за мода, а нејзините комбинации секогаш се за чиста десетка...

Нејзиниот стил е впечатлив, а нејзините комбинации се само за оние смели дами. Каде и да се појави предизвикува големо внимание, без разлика дали станува збор за опуштен изглед или пак за комбинациите за црвениот килим, таа секогаш е на висина на задачата.

Во 50 - тите години изгледа беспрекорно и е вистински пример како треба да изгледа жената во зрелите години. Таа е пример за некој не ги следи слепо новите трендови, туку се потпира на своето чувство за мода и секогаш е автентична.

Секогаш добива само пофалби и највисоки оценки од страна на модните критичари, а во продолжение погледнете неколку нејзини комбинации, кои може да се издвојат во морето одлични. Секако истите може да ви послужат како испирација.

Оваа комбинација е создадена за опуштена прошетка.

Црното од глава до петици никогаш не излегува од мода и одлично им стои на сите дами. Уште еден плус на ваквата комбинација е тоа што ги сокрива сите недостатоци и ја прави фигурата повитка.


Провокативна комбинација со вистинска мера изгледа токму вака:


Кој вели дека кратките фустани и здолништа не се за жените во 50 - тите? Гвен е одличен пример како овие мини модели може одлично и пристојно да изгледаат.