Веќе е хит во светот: Бугарка патентираше огромно плишано мече како замена за маж - ме заспива, не 'рчи, не се лути
Бугарската манекенка и дизајнерка Ина Мархолева дошла до генијална идеја. Таа патентирала огромно плишано мече, долго 170 сантиметри, кое тежи само три килограми и чини околу 150 евра, а целта е да ја замени потребата од физичка блискост со личност, во различни периоди, особено во текот на ноќта, кога вообичаено е најприсутна осаменоста.
Имено, во описот на оваа бугарска компанија која ја продава мечката, именувана како „Пафи“, се посочува дека ја измислила жена која се плаши да биде сама.
-Ние жените често сме оставени сами од различни причини. Понекогаш тоа е личен избор, лоша среќа или судбина, но на сите ни треба нечие присуство или прегратка, особено навечер пред да заспиеме или на каучот пред телевизорот.
Затоа Пафи е направен со човечки облик и големина за што повеќе да го замени недостатокот на физичко присуство кога сакаме да се гушкаме или да се потпреме - напишаа од компанијата, а потоа се пошегуваа и додадоа дека тој е секогаш дома, не 'рчи, не грчи и не се лути.
Мечката вообичаено доаѓа без облека, а оние кои се одлучуваат за оваа форма на емоционална поддршка имаат избор да ја облечат како што сакаат. Освен самци, може да го користат и сите останати, на пример како украсна перница.
- Бидејќи Пафи е со мене, многу полесно и побрзо заспивам. Ја сакам неговата мекост и чувството на сигурност што ми го дава – напишал еден корисник.
извор:kurir/mondo