„Веќе година дена немам пулс“: Софија живее „на батерии“, случајно ѝ откриле тешка болест на срцето
Foto: Printscreen/TikTok
Кога Софија станува, денот ѝ започнува со утринска рутина - туширање, миење заби, подготвување појадок, исто како и повеќето луѓе. Сепак, за разлика од повеќето, таа е буквално поврзана со ѕидниот штекер кој ја одржува во живот.
- Овој кабел е прилично долг и научив како да живеам со него - вели Софија од Бостон, која има 30 години, за магазинот People.
Овој медицински апарат, поточно механичкиот имплант кој ѝ бил вграден, буквално ѝ го спасува животот и е наречен LVAD. Тој практично го „имитира нејзиното срце“, што теоретски значи дека таа всушност воопшто нема пулс и живее релативно нормален живот.
Инаку, Софија боледува од неизлечива дилатирана кардиомиопатија, која ја открила минатото лето додека работела на фарма за коњи.
- Чувствував болки во градите и постојано бев многу уморна, а тоа е оној вид на замор што не можете да го опишете со зборови. Да речеме, не бев уморен во мојата глава, но телото ми беше целосно исцрпено.
Лекарите првично мислеле дека има Лајмска болест бидејќи често била надвор и постоела можност да ја каснал крлеж кој ја пренесува болеста. Таа отишла во итната клиника за да биде тестирана на Лајмска болест, а на пат кон болница едвај дишела. По тестирањата следел шок.
Лајмска болест или срцето?
Додека била во болница и ги чекала резултатите, Оливија, нејзината сестра близначка, ѝ ја соопштила веста.
- Медицинската сестра ми рече: „Немаш Лајмска болест - и навистина посакуваме да ја имаш. Срцето ти работи само на 15 проценти, животот ти е во опасност“.
Потоа објаснила дека има тешка срцева болест и дека само трансплантацијата може да и помогне. Примала терапија и секојдневна употреба на апаратот LVAD.
- LVAD не ме исплаши толку многу и го именував по мојата омилена пејачка Џенис Џоплин и нејзиниот хит „Piece of My Heart“.
И оттогаш таа го документира својот живот на Тикток, а нејзиниот профил брзо стана вирален, привлекувајќи милиони прегледи додека објаснува дека „нема пулс“.
„Работам на батерии“, објаснува таа во видеото со 1,5 милиони прегледи.
Како што демонстрира на TikTok, кога Софија сака да ја напушти куќата, таа го приклучува својот LVAD на батеријата и носи резервен сет на батерии со себе.
- Прилично се тешки - вели Софија. -
Морам да носам цел комплет батерии со мене. Летово се враќав на работа и во куферот носев околу 80 килограми медицинска опрема. Некогаш ги заборавав, но сега веќе не ми се случува - телефон, клучеви, паричник, батерии, додатоци, дополнителен контролер, тоа е мојата дневна листа на работи што ги носам кога излегувам од дома.
Вели дека работи на батерии
Сепак, имало и неколку страшни ситуации.
Како што објаснува Софија, уредот е опремен со аларм кој се активира кога не е поврзан на извор на струја. Една вечер алармот се вклучил.
- Ништо не може да те подготви за тоа - вели Софија за People. - Ниту еден тренинг што го прават со тебе, ништо не може да те подготви за тоа што всушност ти се случува. За малку ќе заборавев што требаше да направам. Потоа веднаш, автоматски, ги зедов моите две батерии, исклучени од ѕидот, приклучени на батериите и тогаш се вклучи алармот. Отидов во подрумот, го исклучив осигурувачот и се беше во ред.
Како што се приближува на една година од операцијата на нејзиниот уред LVAD, таа вели дека тоа целосно ѝ го променило животот и начинот на размислување.
Покрај градењето на заедницата што ја започна на TikTok, Софија сака повеќе да се вклучи во Американското здружение за срце.
„Сакам да бидам многу повеќе вклучена во групите за поддршка и заедницата. Имав навистина тешки денови, но она што ме спречува да потонам е да бидам фокусирана и свесна за сè. И, ако има една работа што можам да ја направам сега, тоа е да им помогнам на другите да бидат подобро, рече Софија.