Веќе никој не ме злоупотребува: Ранетата душа на Данијела Мартиновиќ никогаш не се залечи, прозборе за Грашо

Добивај вести на Viber

Љубовта на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо доживеа крај

Љубовта на Данијела Мартиновиќ и Петар Граш заврши не така одамна, по 24 години. Приказната за нивното раскинување се уште одекнува во домашната јавност, иако познатиот хрватски пејач веќе извесно време е во брак со Хана Хуљиќ, со која ја доби и ќерката Алба, а сега чекаат и второ дете...

Љубовта на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо - Не успеа, така одлучи судбината.

Сите мислеа дека љубовта на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо ќе надмине се, но сепак доживеа бродолом. Затоа нивната разделба остави голем шок, веројатно дотолку повеќе што речиси веднаш по веста Петар го објави бракот со ќерката на Тончи Хуљиќ. Данијела не се огласи откако раскина со Грашо, но неодамна даде интервју во кое ја коментираше својата одлука покрај пеењето да се испроба и во писателска дејност, а меѓу редовите на она што го кажа некои протолкуваа дека таа му испраќаше одредена порака на Грашо.


- На деветнаесет години се прашував која сум. Сите мислеа дека треба да скокам од радост, тогаш ја започнував мојата пејачка кариера, вкусив популарност. Но, имаше празнина во мојата мала душа. Зошто уште тогаш? Нешто во мене бараше поголемо значење. Меѓутоа, во тие години се плашев некому да го кажам она што го чувствувам, бидејќи веројатно ќе ми кажеа дека сум премлада за вакви прашања - изјави сплитската уметница и рече дека денес веќе не е така.

- Сега сум ослободена од самозагрозеност, од самоосудување, од самоотфрлање. Знаете, никој не може повеќе да не злоупотребува од нас самите, а тоа го сфатив само со искуство - изјави пејачката, а раскинувањето на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо може да биде тема на која би кажала нешто слично, што многумина го протолкуваа како такво.

- Би ги советувала сите жени да не брзаат во врските, и да се трудат партнерот да го направат пријател. Тоа е односот над сите односи. Пријателот знае да те сослуша, нема да те осуди ниту да се налути само така, а тоа е многу важно – изјави пејачката додека се уште беше во врска со Грашо, но не откри дали останала пријателка со Петар и денес...


фото: инстаграм