„Веќе си права Гркиња …“: Јелена Спенџарска проговори за промена на стилот – „Мојата облека е поделена на три дела, една за Грција, една за Македонија и една за…“

Добивај вести на Viber


Водителката Јелена Спенџарска која пред извесно време се пресели во Грција каде живее со своето момче Лукас, полека но сигурно почнува да го „присвојува“ начинот на живот кој го наметнува оваа земја, но исто така и стилот на облекување и останатите работи по кои жените во Грција се посебни, а толку поразлични од нас.

Па токму ова го забележа и една нејзина следбеничка на социјалните мрежи, која  проговори за промената кој ја забележа кај водителката:

„Прв пат коментирам вака, ама веќе си права Грниња со стилот, не можев да ти одолеам, а да не ти пишам“ се вели во коментарот.

На што Јелена одговори:

Зошто ми се допаѓа овој коментар? затоа што жените тука навистина имаат специфичен стил, некако облеката им е лежерна и удобна, впечатлива а во исто време обожаваат и накит. Многу се различни од нас, не ме прашувајте како знам, мојата гардероба е поделена на три дела: Гардероба за во Македонија, гардероба за во Грција, гардероба за Лукас“ напиша водителката.


Фото:Инстаграм