Веќе си замислува каков пол ќе биде бебето: Софија Милошевиќ искрено за третата бременост и плановите за голема свадба
Убавата манекенка го отвори срцето и откри дека наскоро ќе му го каже судбоносното „да“ на својот избраник, фудбалерот Лука Јовиќ, а проговори и за третата бременост
Манекенката Софија Милошевиќ откри дека деновиве планира да отпатува во Катар со своите синови, двегодишниот Алексеј и Теодор, кој сè уште нема ниту една година, за да ја бодри српската репрезентација и нејзиниот вереник Лука Јовиќ.
Сепак, штом се вратат од ова големо натпреварување, почнуваат да размислуваат за семејните планови. Прв од плановите е, ни помалку, ни повеќе - голема свадба во Белград.
- Сакавме да направиме свадба и оваа пролет, но ми беше комплицирано бидејќи го доев Теодоро. Затоа преместивме за пролет следната година - вели Милошевиќ.
Но, ни тоа не е сè, бидејќи во исто време тие ќе почнат да работат на проширување на семејството. Да потсетиме, Софија и Лука имаат две деца, додека фудбалерот има и едно дете со поранешната партнерка. Сепак, тие сè уште не се одлучиле за точниот број на деца што би сакале да ги имаат, но се надеваат за полот на нивното трето дете.
- Последниве две години постојано сум бремена, па ми треба мала пауза. Кога ќе заврши свадбата, тогаш ќе работиме на трето дете. Би било убаво по два сина да имаме девојче. Лука би сакал да има четири деца со мене. Бидејќи има син од првиот брак, тоа е пет! Би сакала да застанам на три, но тој фантазира за големо семејство. Ќе видиме – вели атрактивната Софија за „Информер“.
Софија открива и дека нивниот постар син очигледно од татко му ја добил големата љубов кон спортот, па логично било да каже дали еден ден го гледа Алексеј како фудбалер.
- Алексеј веќе е луд по фудбалот, иако има само две години. Лука и тој играат фудбал секој ден и секогаш го учиме на нешто ново. Кога ќе порасне, сам ќе одлучи дали професионално ќе игра фудбал. Најважно е што и да прави, тоа да го прави со љубов – заклучува манекенката.
Како што вели таа и Лука се голема поддршка еден на друг и дека така ќе биде и во Катар на Мундијалот.
- Поддршката од семејството е многу важна. Лука има голема поддршка во мене и тоа го радува. Воопшто не е нервозен пред големите натпреварувања, па не е нервозен ниту пред Катар. Тој е навистина прекрасен сопруг, татко и спортист. Со децата одиме во Катар да го бодриме Лука и нашите момци и се надевам дека репрезентацијата на Србија ќе го освои трофејот или барем ќе стигне до крајот на Светското првенство - вели Софија.
Извор: glossy.espreso.co.rs