Нема да верувате на своите очи: Таа има толку големи очи што многумина се престрашуваат кога ќе ја видат- но сепак е реална

Добивај вести на Viber

Саманта Мекнаб ​​нема проблем со тироидната жлезда, но поради генетиката има малку поголеми очи од просечните луѓе, а нејзините видеа на Тик Ток се прегледани милиони пати.

Многу дами во денешно време се тркаат да изгледаат како шаблон. Изгледа дека естетската медицина ги натера сите да брзаат кај специјалисти за да добијат огромни усни, мал нос, мачкини очи или прашкасти веѓи. Саманта Мекнаб ​​(21) од Њујорк затоа е горда што има необичен детаљ на лицето што ја прави многу среќна. Во морето од идентични девојки, таа со задоволство може да се пофали со оригинални очи. Имено, таа има екстремно големи очи, а бидејќи открила дека тоа ги забавува луѓето, почнала и да гледа во камерата и претерано да ги шири, за да изгледаат уште поголеми.

@sam.mcnab #duet with @skyera2213 #bugeyes #iblewakissattheend original sound - Skye


- Речиси нема ништо што не сум слушнала. Ми кажуваат секакви луди работи за тоа на кого личам или како изгледам, од ликовите на Тим Бартон, Никол Ричи, Мистер Бин, Голум од Господарот на прстените до цртани ликови и бубачки. Многу луѓе обично мислат дека имам проблеми со тироидната жлезда или со Грејвсовата болест, што не е точно – вели Саманта, а пренесува Сан.

Оваа девојка објаснила дека нејзината генетика е таква што има крупни очи и дека не може да направи ништо околу тоа, освен да насмее многу следбеници на нејзиниот профил на TikTok. Видеата каде таа буквално зјапа во камерата и донесоа 22 милиони прегледи и 2,4 милиони лајкови.

- Дури и јас мислам дека работите што можам да ги правам со очите и изгледот може да бидат чудни и малку страшни, но на другите им се допаѓа - истакнува девојката.

Само некои од коментарите за оваа девојка со специфичен изглед се овие.

- Буквално слатката ќерка на Мистер Бин -

- Вака ме гледаше мајка ми како дете кога ќе направев некоја глупост -

- Се исплашив од тебе, повеќе нема да ми дозволуваат да ги гледам твоите видеа -

- И јас сум малку исплашен, но ти изгледаш убаво -

- Таа е иста како Хомер Симпсон! -

- Страшна си! – напишаа нејзините следбеници на социјалните мрежи.

@sam.mcnab

or makes it better

original sound - OS


  Добива пораки и од девојки кои имаат крупни очи и често се исмејувани поради тоа. Саманта ги советува сите да прифатат дека не се идентични со сите други, да ја прифатат нивната различност како подарок и да стекнат самодоверба.

- Кога другите девојки ќе ме контактираат и ќе ми кажат дека моите видеа им помогнале да надминат многу тешки времиња, тоа е најголемата награда за мене. Им велам дека сакам што на себе ја имам онаа „уникатна работа“ која ми овозможува да се истакнам, па зошто да не се прифатам, што секогаш ги советувам другите да го прават истото – вели таа.