Велешката компанија ,,ПИ,, Кристал 1923,, го обнови детскиот забавен парк „Дизни“ во Велес

Добивај вести на Viber

Големо е задоволството да се реализира и организира едно вакво убаво детско катче.  Заедно, со поддршка на локалната самоуправа, ПИ,, Кристал 1923,, направи целосна реконструкција на паркот „Дизни” кој ги разубави и исполни детските денови на многу дечиња од градот Велес и околината. Детски џагор, одбројување и насмевки се слушаа на отворањето на целосно реконструираното детско игралиште „Дизни". А тоа кажува дека вредат трудот и посветеноста во работата. Сега, просторот е повеќе функционален, претставува комплекс од повеќе содржини каде реквизитите од забавниот парк се наменети за деца на возраст од 3 до 12 години.

Во Велес нема доволно вакви уредени паркови и површини и сè што поставивме е уникатно – велат директорот Горан Лазов и градоначалникот Марко Колев. Има куќички, лизгалки, лулашки, качувалки, вртелешка, клацкалка. Опфатено е сѐ што е потребно според нормативите за едно детско игралиште. Сè е вклопено во една убава композиција за која заслужни се проектантката Радица и Андреј, сопственикот на компанијата - Димензија 360, за опремување на паркот со реквизити.

Имајќи во предвид  дека следната година ПИ,,Кристал 1923,,прославува 100 години од своето постоење, како општествено одговорна компанија продолжува и понатаму со реализација и поддршка и на други проекти во градот Велес. Сèсо цел нашите деца да растат здраво, безгрижно и среќно.

Оваа компанија нека биде пример  сите заедно да се вклучиме и да им дадеме можност на најмалите низ игра да ги живеат најубавите мигови од животот и детството. Бидејќи тие се нашата иднина. 

Раководството и тимот на познатиот бренд „Кристал“ како лидер на пазарот и понатаму ќе работи  посветено со многу љубов и внимание,како на квалитетот на производите така и за квалитетно развивање на нашите деца.

ПР објава


ГАЛЕРИЈА: