Велигден во карантин: Интересни идеи за игри со јајца

Велигден е толку прекрасен и забавен празник, особено кога пролетта е насекаде околу нас и ни нуди можност и за забава надвор од домот. Традиционалното собирање на целата фамилија, ручекот, прераскажувањето на најсимболичните семејни приказни се едни од главните обележја на тој ден. Се разбира, тука се и најмалите, кои од целата Велигденска приказна се фокусирани најмногу на кршењето со јајца, едноставно им е омилено. 

1. Чие јајце прво ќе се скрши, тој нема право да се мршти

Едноставна игра кадешто оној што ќе остане со најздравото јајце му прави предизвик на другиот (да испее детска песна, да именува три жолти предмети, да направи мост или ѕвезда и сл.). 

 2. Трка – пронајди го јајцето

Треба да ги поделите децата во два тима и претходно да сокриете неколку јајца низ домот. Децата најизменично барат, од првиот, па од вториот тим, секогаш по еден од тимот, а кога го пронаоѓа јајцето, го избираат следниот член од својот тим за наредното барање. 

 3. Трка со сменети улоги

Исто како претходната, само овој пат децата нека ги сокријат јајцата, а вие треба да ги барате. А за правилата, оставаме сами да се креираат, секако ќе биде долга и забавна играта.