Вера Мештеровиќ: „Јас сум непоправлив оптимист, верувам во институцијата брак“
Успешните брачни партнери меѓусебно се поддржуваат, се толерираат, одговорно го прифаќаат фактот дека прељубата се случува барем еднаш во животот, а доколку имаат среќа, бракот може да трае и неколку децении, вели Бруно Шимлеша.
Бракот е законски и општествено регулирана заедница, најчесто составена од еден маж и една жена. Универзалноста на бракот во различни општества и култури се припишува на голем број основни социјални и лични потреби на кои им е дадена општествено прифатена рамка. Сепак најважната функција на бракот покрај љубовта на партнерите е и потреба за создавање потомство.
Некогаш бракот се сметал за свето нешто и речиси и да не постоеле разводи освен во екстремни ситуаци, што не е случај денес. Брзиот начин на живот, интернетот, социјалните мрежи, финансиската независност на жената ... и уште многу други фактори придонесуваат за се помалку склучени бракови и се почести разводи. Последните статистики велат дека минатата година се бележат над 1.600 разводи во Македонија, а старосната граница на партнерите најчесто била од 30 – 34 години. Оваа „епидемија“ на разводи е загрижувачка, а уште повеќе загрижува фактот што речиси никој ништо не превзема да се спречи овој „вирус“.
За бракот треба да се зборува гласно, а за разводот, уште погласно. Токму затоа на оваа тема одлучивме да поразговараме со некогашната Мис на Македонија, манекенка и модел Вера Мештеровиќ, која позади себе има еден неуспешен брак со поранешниот фудбалер Игор Кралевски од кој има две деца. Но сепак, и понатаму верува во оваа институција.
Ж.М. Кој е вашиот став за бракот воопшто?
Бракот е историски традиционален чин/акт кадешто круната на заедништвото е бракот во сите култури. Во помодерното време тоа ерозира и се повеќе гледаме и сме сведоци на заедница без бракови. Но бидејќи живееме во општество каде традицијата и културата е на високо ниво бракот е се уште битен не само ради односот помеѓу мажот и жената туку и за децата кои произлегуваат од таа заедница. Иако е познато дека јас имам неуспешен брак позади себе. Но ако треба да се одредам дали сум за или против, мојот одговор би бил безрезервно Да.
Ж.М. Дали сметаш дека денес може да се одржи еден брак со оглед на тоа што речиси се е достапно повеќе од било кога со „еден клик“ на мобилниот телефон?
Да така некако изгледа се станува потешко за оддржување на бракот јас мислам дека тука не е единствен хендикеп само достапноста туку и се поголемата независност на жената од мажот, а во исто време и независноста на мажот од жената. Жените се се повеќе финансиски самостојни, се осеќаат безбедни и кога се сами и не се маргинализирани ако не се во брак, а мажите конечно научија да оперираат со апаратите за домаќинство и да зготват нешто со помош на уоutube.
М.Ж. Што теба да поседува еден маж, за да биде добар сопруг/партнер?
Мажот треба да е заштитник, културен, трпелив, да има почитување, да биде другар, партнер, љубовник...но мислам дека треба да е добар и мек кон жената и да не е гаметофоб.
Ж.М.Кое е вашето мислење, дали денес постојат такви мажи?
Јас сум по природа непоправлив оптимиста така да верувам дека постои таков маж кој што ќе биде ветер во грбот за жената, потпора, а и жена исто за него. Впрочем потребни се двајцата еден на друг и за добро и за лошо да се држат за рака.
Ж.М. Дали сте за или против, партнерите да користат социјални мрежи?
Јас сум за, затоа што денеска е неизбежно тоа да се користат социјалните мрежи. Но проблемот во суштина на работите не се во социјалните мрежи. Ако мажот не е лојален не е до мрежите, иако им служат како олеснителна алатка.
Ж.М. Што за вас претставува сајбер неверство?
Правилата се исти, неверство е неверство, дали сајбер или било кој префикс пред неверство е еднакво на неверство.
Ж.М. Денес сајбер неверството често се поситоветува со физичкото неверство. Сепак има и од оние кои социјалните мрежи ги користат исклучиво за флерт и не ја преминуваат границата. Па затоа сакам да ве прашам, дали би простиле „интернет флерт“ на партнерот?
Да .
Елеонора А.