Верица Шерифовиќ преживеала нервен слом: Долги години трпела насилство поради Марија, а слободата морала да ја плати 1.500 марки
Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ, многу пати има изјавено дека нејзината мајка Верица одамна требала да го остави нејзиниот татко од кој трпела долгогодишно насилство. Верица Шерифовиќ пак, не сакала ни да помисли на развод.
Се омажила
многу млада и долго време страдала во несреќен брак, а денес знае да спомене и дека
никогаш не запознала некој друг на кого алкохолот делувал толку лошо, како на
нејзиниот сопруг Рајко.
Во многу наврати Верица има изјавено дека тој бил многу дружељубив, пријател до коска, но кога ќе испиел две три чашки алкохол, тој не бил повеќе истиот човек, а доста време криела од пријателите и семејството дека поминува низ пекол.
Најмногу стравувала да се разведе и поради тоа што се плашела дека ќе остане без деца, но и од реакцијата на татко и, кога ќе дознае дека постојано ја малтретирал, бидејќи знаелеа дека ќе се случи најлошото.
Сепак, по долги години собрала храброст и поднела барање за развод, кога нејзината ќерка Марија била уште мала, а Рајко постојано и се заканувал дека ќе и го земе детето. Тој имал врски во Крагуевац и успеал во тоа, изјавила Верица во интервју за српките медиуми.
- Имав голем нервен слом, се откажав и од разводот, и од сè. Самата си реков „дозволете ми да правам што сакам“, признава таа. Сега после толку години можам да кажам, можеби мораше да биде така“, велеше пејачката.
Проблемите со нејзиниот сопруг не ги предизвикал само алкохолот, туку и големите коцкарски долгови. Верица благодарение на овој негов порок успеала да се „извлече“ од бракот кој и донел толку голема несреќа.
- Тој му должеше пари на еден дечко, дојде дома и ми рече: „Треба да ми дадеш пари за да му вратам“. Јас одговорив ќе му дадам 1.500 марки, но само ако потпишеш спогодбен развод. А тој само рече „Нема проблем, повикајте адвокат и дајте ми ги парите,изјави Верица за српски Ало.
Му одговорила дека прво треба да се смири и да појдат кај адвокатот. И направиле како што се договориле, тој потпишал а таа му ги исплатила парите. Иако била среќна што е слободна, се чувствувала и многу збунето.
- Се беше толку чудно, плачев па се смеев. Адвокатот ме погледна и ме праша „Вера, сакаш ли чаша вода“, а јас го погледнав му одговорив дека може вода и некое добро кафе, и ништо повеќе да не ме прашува. Гледав во тоа кафе, пушев цигара и си мислев - имам дваесет и нешто години, толку многу енергија, да не зборувам за мојата убавина, младост, пеење, пари, готвење, сè да пресечам одеднаш, се присетува Верица на разводот кој се случи пред две децении.