Весело на мекиците за синот на Антониа Гиговска: Сопругот ѝ посвети песна

Младата пејачка Антониа Гиговска пред четири дена на свет го донесе своето прво чедо, роди син кој доби уникатно име, Киан.

Новопечениот татко и сопруг на Гиговска, Роберт Спасецовски за мекиците на наследникот сподели со јавноста како било украсено и колку тој ја сака Антониа пеејќи ѝ ја песната „Ја без тебе не могу да живим“ специјално за неа на Стори на Инстаграм.

Насмевнат од уво до уво, видно расположен, со песна младиот татко го прослави раѓањето на синот.

Инаку, новопечените родители се потрудиле и убаво да го декорираат ресторанот каде што била прославата за раѓањето на малиот Киан. Еден дел цел бил украсен со балони во бели, сини и златни балони. 

Според сторињата на Инстаграм, голем број од најблиските пријатели на Антониа и Роберт се појавиле на мекиците за Киан и прославиле заедно.


Фото: Инстаграм - Стори- Антониа Гиговска

Ова мало главче ми докажа за што вреди да живееш: Антониа Гиговска го покажа новородениот син