„Веславме 39 дена, 12 часа и 25 минути на отворено море“: Инспиративната приказна на Ана Жигиќ, првата жена од Србија која го превесла Атлантикот
Ана Жигиќ е првата жена од Србија која заедно со својот тим успеа да весла преку Атлантикот. Патувањето траело 39 дена, а за својот успех повеќе зборувала за Прва ТВ.
Екипажот го сочинувале четворица, меѓу кои и Ана, го поминале Атлантикот за 39 дена, 12 часа и 25 минути. Подготовките траеле две години, а нивниот пат не бил лесен.
„Веславме 39 дена, 12 часа и 25 минути. Подготовките траеа две години, така што сето тоа ни беше нормално. Имавме физички и психички тренинг и четворицата не се познававме, па моравме да излеземе заедно да се подружиме и така подобро да се запознаеме. Моравме да собереме и спонзори, па најголемата работа беше пред нашето патување“, вели Ана Жигиќ, која истакнува дека веслањето и било најмалиот проблем.
И тогаш почна да зборува за условите за преживување во чамец од 10 метри.
„Бродот беше нешто помалку од 10 метри и во него бевме четворица. Што се однесува до храната, јадевме храна од вреќи, како во војска, и тоа беше прилично гадно. Јас лично не се навикнав на храната и затоа исто така изгубив 10 килограми за 39 дена. Првите 10 дена беа тешки бидејќи имавме огромни бранови од 12 метри, па беше тешко да се навикнеме и на сите ни беше лошо во првите три дена“.
Како што вели Ана, цело време била во контакт со својот тренер, за да има точни информации за времето. Таа признава дека сигналот бил многу лош, но секогаш успевала да стапи во контакт со него, барем на две минути.
Имале „план за се“, вели оваа храбра жена, дури и за ситуации кога ќе им се преврти чамецот.
„Што ако некој се повреди, што ако чамецот се преврти, ова се само дел од проблемите кои не мачеа. За малку ќе се превртевме двапати, бевме под агол од 90 степени, моравме да чекаме бродот да се сврти и секогаш мораш да бидеш врзан, бидејќи ако не се врзеш, мртов си“.
Фото: Инстаграм
Извор: B92.rs