Весна Џогани се расплака во емисија: Секогаш ми е тешко кога го гледам тоа...
„Во детството тоа почнува со игра и танц, тоа ни беше насока кога го отворивме училиштето за танц“ - кажа Ѓоле...
Пејачката Весна и Ѓоле Џогани веќе долго се на естрадата, а во текот на кариерата освен со пеење, сериозно се занимаваа и со танц.
Тие сега гостуваа во една емисија кога им беше пуштено видео старо повеќе од 30 години, на кое може да се види како се забавувале со танцувачката група Џогани.
„Девојката која беше со мене во Италија стана моја сопруга. Слаѓа и јас станавме еден тим. Додека се мали на децата треба да им се всади дисциплина, здрав начин на живот, волја за учење и напредок. Во детството тоа почнува со игра и танц, тоа ни беше насока кога го отворивме училиштето за танц. Сите кои ги учат децата и работат со нив имаат одговорност да им всадат мотивациони вредности, нешто што ќе ги поттикне да се пронајдат себе и подоцна да уживаат во изборот на животната професија“ - кажа Ѓоле и додаде:
„Знаев дека имам влијание и дека со својата работа можам да влијаам на нивниот развој. Тоа беше вистинскиот пат. Многумина го паметат тоа време од сетот и кога ќе ме сретнат ми велат деа тоа им бил еден од најубавите периоди во животот. Тоа ми е најголема награда. Бев горд, бидејќи тие деца првите чекори ги научија во моето училиште за танц.“
Весна, на овие видеа реагираше многу емотивно, и не можеше да ги сокрие солзите.
„Мене секогаш ми е тешко кога ги гледам тие видеа, тие сите се мои другарки и кога се шетам низ град и кога ќе ги сретнам, ми велат: „Тоа ни беше најубавиот период од животот, тие тинејџерски денови кога танцувавме кај вас“, а на мене, ах, катастрофа“ - кажа Весна во емисијата „Ѕвездите на Гранд - Спицијал“.
фото: Принтскрин / Инстаграм